IX Меѓународен фестивал на готвачи ,,Biser mora“ 2014

by ugostitelstvo.mk

И оваа година од 9ти до 13ти април, во градот Супетар, на островот Брач, Република Хрватска, се собраа најквалитетните готвачи од Европските региони да си ги одмерат силите. Готвачите се натпреваруваа во 5 категории на главни јадења и тоа: риба, пилешко, вегетаријанско, тестенини и ресторански десерт. Во финалето влегоа најдобрите пет, а награди понесоа само тројца натпреварувачи. Покрај професионалните готвачи место на натпреварот имаа и најмладите учесници од средните училишта. Натпреварот беше во организација на Сојузот на готвачите, од медитеранските земји и Европските региони. 

Завршниот ден на „Biser mora“, започна со категоријата на ресторански десерти, а се одржа и модна ревија со готварски униформи кои беа носени од мажи и жени. 

biser-revija

По ревијата, се одржа 14-тото првенство на бармени „Вигор бармен куп“, кој беше проследен со возбуда од бројните посетители на целиот настан.  

 biser-kokteli

-Како и секоја година, „Biser mora“ повторно беше прогласена за една од најдобрите манифестации од интернационален размер.

 

Слични написи